сабота, 20 јули 2024

Александар Арнолд ненамерно откри, една ѕвезда на Англија одбила да шутира пенал (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александар Арнолд во разговор со своето семејство на трибините, ненамерно откри дека една ѕвезда на Англија одбила да шутира од белата точка во пенал серијата против Швајцарија.

Објавено на

часот

Сподели

Англија вчера се пласираше во полуфинале на Европското првенство откако на пенали ја совлада Швајцарија.

Кол Палмер, Џуд Белингем, Букајо Сака, Иван Тони и Трент Александар Арнолд беа прецизни од белата точка, Џордан Пикфорд го одбрани обидот на Мануел Аканџи па „трите лава“ го продолжија настапот.

По крајот на натпреварот, Трент Александар Арнолд ненамерно откри дека една ѕвезда на Англија одбила да шутира пенал.

Фудбалерот на Ливерпул разговараше со своето семејство на трибините, често ставаше рака пред устата за дискусијата да остане помеѓу нив, но се слушна како вели. „Тој не сакаше да шутне“.

Сепак, не е јасно кој е фудбалерот кој одбил да превземе одгворност.

Англија пред три години на пенали го загуби финалето на ЕВРО 2020, а играчите кои промашија од белата точка, тогаш добија жестоки критики и навреди, навивачите не бираа зборови па имаше и смртни закани и расистички пораки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ