недела, 14 јули 2024

Катар му порача на Хамас дека наскоро ќе добие одговор од Израел за ослободување на заложниците

Палестински Хамас го чека одговорот на Израел на неговиот предлог за ослободување на заложниците и прекин на огнот, изјавија двајца анонимни претставници на исламистичката организација, пренесуваат израелските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Официјален претставник изјави за Ројтерс дека посредниците биле свесни за одговорот на Хамас и дека чекаат „да го слушнат одговорот од окупаторите“ пет дена откако организацијата, која владее со Газа, прифатила клучен дел од планот чија цел е да се стави крај на војната со Израел.

Планот, кој се состои од три фази, беше претставен на крајот на мај од американскиот претседател Џозеф Бајден, напорите за воспоставување прекин на огнот покрај таа земја и Катар се со посредство на Египет.

Целта е да се стави крај на војната и да се ослободат околу 120 заложници кои се држат во Газа.

Друг палестински функционер изјави дека Израел разговара со Катар за одговор од Хамас и дека е ветен „израелски одговор за неколку дена“.

Хамас даде првично одобрување на фазен предлог за договор за заложници и прекин на огнот, отфрлајќи го клучниот услов Израел однапред да се обврзе за целосен прекин на огнот.

Наместо тоа, тој рече дека ќе се согласи да го постигне тоа преку преговори во првата фаза од шест недели, изјави извор од Хамас за Ројтерс во саботата.

Во исто време, се чини дека клучен камен на сопнување е желбата на Хамас да добие „писмени гаранции“ од посредниците дека Израел ќе продолжи да преговара за траен прекин на огнот кога првата фаза од примирјето ќе стапи на сила, пишува Тајмс оф Израел.

Израел изрази внимателен оптимизам во последните денови дека позицијата на Хамас го прави договорот поверојатен.

Извор од израелскиот преговарачки тим во петокот рече дека сега има реални шанси за договор, за разлика од претходните случаи во деветмесечната војна во Газа, кога Израел рече дека условите на Хамас се неприфатливи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ