Регионалната директорка на Популацискиот фонд на Обединетите нации (УНФПА), Флоренс Бауер, им објасни на новинарите во Женева дека овој пад е поврзан и со други фактори, бидејќи „и пред војната Украина се соочуваше со значителни демографски предизвици“.
„Таа земја имаше еден од најниските наталитети во Европа. Голем број луѓе веќе ја напуштија Украина за да ги искористат можностите во странство. Населението старее, а бројот на жителите се намалуваше уште пред војната“, вели Бауер.
„Оваа ситуација не е нетипична во Источна Европа, бидејќи многу земји имаат слични демографски трендови“, додаде таа.
„Но по сеопштата инвазија на Русија, која започна во 2022 година, ситуацијата значително се влоши“, рече Бауер.
Таа наведе дека стапката на фертилитет паднала на едно дете по жена, „што е една од најниските стапки во светот“, што е „значително под“ прагот за враќање на плодноста, којшто е во просек 2,1 деца по жена.
6,7 милиони луѓе избегале Украина, а „и значителен број загинаа за време на конфликтот“, додаде претставничката на ОН.
Се проценува дека Украина имала 38 милиони жители пред избувнувањето на војната во 2022 година.