петок, 19 јули 2024

Новиот британски премиер: Палестинците имаат право на држава

Признавањето на државата Палестина како дел од мировниот процес на Блискиот Исток е „неспорно право“, му порача новиот британски премиер Кир Стармер на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на лабуристите, кој убедливо победи на изборите оваа недела, разговараше со претседателот Абас за „страдањето и трагичната загуба на животи што продолжува“ во Појасот Газа.

Стармер, исто така, разговараше со израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи ја „јасната и итна“ потреба за прекин на огнот и враќање на заложниците земени од палестинската милитантна група Хамас во крвавиот напад на Израел на 7 октомври.

Во изборниот манифест лабуристите ветија дека ќе ја признаат палестинската државност како дел од процесот што треба да резултира со решение со две држави.

Ставот на лабуристите за Газа и нивното првично одбивање да повикаат на прекин на огнот ја чинеа поддршката на партијата од некои гласачи, но тие сепак забележаа рекордна победа на изборите во четвртокот и едно од најголемите парламентарни мнозинства во британската историја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ