понеделник, 11 ноември 2024

Тест за птичји грип направила посетителка на ЗОО Скопје, се чекаат резултатите

Посетителка на скопската Зоолошка градина денеска побарала да се тестира за птичји грип, информира директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. Жената отишла на Инфективна клиника од каде што била препратена во Институтот за јавно здравје, а Андоновска вели дека таа била тестирана во ИЈЗ и оти се чекаат резултатите.

Објавено на

часот

Сподели

Андоновска вели дека кај граѓаните не треба да се јавува паника бидејќи, како што вели, штом вработените што секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана посочува дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип.

Според Цана, како што е моменталната состојба, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

Вчера од ИЈЗ рекоа дека резултатите од двајца вработени во скопската Зоолошка градина што беа тестирани за птичји грип се негативни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ