среда, 6 ноември 2024

Николоски од Солун: Брзата пруга на Коридорот 10 е наша примарна инфраструктурна цел

Вицепремиерот и министер за транспорт во македонската влада Александар Николоски, денеска на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа, што се одржува во Солун, Грција, порача дека „нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на Коридор 10“.

Објавено на

часот

Сподели

Форумот за поврзување со Југоисточна Европа, претставува собир на највлијателните  компании и организации за транспорт од Грција, стопански комори, логистички центри и различни финансиски институции.

„Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме најголемата инвестициска активност во патната мрежа, каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа. Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознаени како погодна земја за инвестирање, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт  Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа.

Тој истакна дека линкот до солунското пристаниште е Македонија и затоа треба да се размислува меѓу земјите партнери на Коридор 10, како да се олесни транспортот и трговијата и да се упростат постапките за компаниите.

“Имаме обврска како Влади да обезедиме брз и сигурен транспорт. Јас си поставив една цел, а тоа е да изградам брза пруга и тоа токму во делот на Коридор 10. Значи од границата со Србија, па сè до границата овде, во Грција. Оваа пруга што сега ја имаме е бавна и не ја исполнува целта на брзиот транспорт. Коридор 10 е стратешки коридор за сите нас и затоа мора да ги искористиме неговите предности. Овој наш план е амбициозен, истовремено е приоритетен проект на кој многу посветено работиме. Паралелно со ова започнуваме со реконструкција и на постојната пруга, за да може и таа да  биде во функција, за да се користи за домашен и меѓународен транспорт. Дополнително работиме на изградба и на железница на Коридор 8 кон Бугарија. Во делот на патната мрежа силно сме фокусирани на изградба на неколку автопати и брзи патишта на Коридор 8 и 10 со што создаваме нова мрежа на патишта низ земјата”, истакна министерот Николоски.

Пред бројните компании тој ги претстави инвестициските услови потенцирајќи дека следува период кога економските индекси значително ќе бидат подобрени.

„ За наредната година очекуваме да имаме најголем раст на БДП во регионот. Започнавме да работиме на заедничко поврзување со Грција, преку интерконекторот со кој ќе се поврземе на гасот од Азербејџан. Очекуваме во наредниот период овој гасовод да биде изграден и да ја намалиме зависноста од рускиот гас, што значително ќе влијае врз производството. Во овој период имаме силен развој и во сегментот на снабдување со енергија од фотонапонски централи. Работиме на професионализација на администрацијата, на поедноставување на процедурите. Нашите планови се сериозни и верувам дека ќе ги реализираме. Ме прашавте за домашните компании. Најголем дел од извозно ориентираните зависат од солунското пристаниште и затоа имаме обврска кон нив да обезбедиме модерни врски, евтини врски за да ја олесниме нивната работа. Тоа и го работиме”, потенцираше министерот Николоски.

Во текот на денот министерот Николоски ќе оствари билатерални средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Стакурас, како и со министерот за поморски работи и островска политка, Христос Стилинидис.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ