четврток, 18 јули 2024

Политико: Орбан успеа да ја формира пратеничката група Патриоти за Европа во Европскиот парламент

Сојузот на екстремно десничарските партии Патриоти за Европа, формиран на иницијатива на унгарскиот премиер Виктор Орбан, успеа да добие доволно поддршка за да се квалификува за формирање пратеничка група во Европскиот парламент, бидејќи десничарската фламанска партија од Белгија ѝ се придружи како седма партија, пренесува веб-страната Политико.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според Деловникот на Европскиот парламент, услов за формирање на пратеничка група е таа да има најмалку 23 пратеници од седум земји членки на Европската Унија.

„Патриоти за Европа продолжува да расте со доаѓањето на белгиската фламанска партија“, според зборовите на портпаролот на Орбан, Золтан Ковач

„Како десничарски, патриотски и националистички партии, стоиме цврсто заедно“, изјави во соопштението претседателот на фламанската партија Вламс Беланга Том Ван Грикен. „Имаме повеќе заедничко од она што не дели“.

Според најавата на лидерот на шпанската партија Вокс, Сантијаго Абаскал во интервју за „Ла Газета“, неговата партија ќе се приклучи на групата на Орбан и ќе се повлече од парламентарната група Европски конзервативци и реформисти на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

И холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс вчера изјави дека неговата Партија за слобода сака да се приклучи на Патриоти за Европа за „да го заштити нашето јудео-христијанско наследство и нашите семејства“.

Овој нов сојуз вклучува десничари од Унгарија, Австрија, Португалија, Чешка, Белгија, Шпанија и Холандија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ