вторник, 5 ноември 2024

Медведев: Има само еден одговор за Трамп, и вашиот проклет Вашингтон ќе биде погоден

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше изјавата на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, кој рече дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја нападне Москва во случај на инвазија на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Волстрит џурнал, Трамп истакна дека го предупредил Путин дека ќе го нападне ако тргне на Украина. „Владимир, ако тргнеш на Украина, ќе те удрам толку силно што не можеш ни да замислиш. Ќе удрам во самиот центар на проклетата Москва“, му раскажа Трамп за својот разговор со Путин на новинар на весникот.

Набрзо стигна одговорот на портпаролот на Кремљ. Димитриј Песков рече дека Русија ќе заземе разумна позиција и нема да ја открие содржината на разговорите на високо ниво.

Потоа се огласи и Медведев.

„Трамп се занесе. Дали навистина зборуваше за „удар на проклетата Москва“? Секако дека не. Тој е генерално мазен како свила во преговорите. А на таквите зборови има само еден одговор: и вашиот проклет Вашингтон ќе биде погоден. Генерално, нашиот однос со него е прилично топол“, напиша Медведев на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ