сабота, 27 април 2024
Се чека примамлива понуда

Баерн го продава Кимих, Германецот на ум има пет клубови

Новинарот Флоријан Плетенберг открива дека Баерн Минхен е подготвен да го прдаде Џошуа Кимих доколку добие добра понуда, и самиот фудбалер е заинтересиран за нова авантура.

Објавено на

часот

Сподели

Џошуа Кимих би можел да замине од „Алианц Арена“ по крајот на сезоната. Преговорите за нов договор тапкаат во место, па Баерн Минхен е подготвен летоска да го продаде фудбалерот доколку добие добра понуда.

Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, Џошуа Кимих е заинтересиран за нова авантура, и на ум има пет клубови во кои би можел да ја продолжи кариерата.

Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Реал Мадрид и Барселона се клубовите кои го привлекуваат Џошуа Кимих.

Трансфер во Манчестер јунајтед, Челси и ПСЖ не се опција за Германецот во овој момент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ