вторник, 21 мај 2024

Барди: Еден период во Ла Лига бев подобар од Меси

Во интервју за турските медиуми, Енис Барди зборуваше и за периодот кога играше за Леванте во Ла Лига.

Објавено на

часот

Сподели

Во Ла Лига, Барди беше познат по фантастичниот шут од слободен удар, а во еден период имаше подобар процент на реализација од Лео Меси.

„Кога играв во Шпанија, имав постигнато седум голови од 25 удари, додека Меси погоди осум пати од 52 прекини. Кога ќе го погледнете процентот, едно време бев подобар од Лео. Искрено, мило ми е што ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери во историјата“, кажа Барди.

Трабзонспор во моментов е на третата позиција во турската Суперлига, додека македонскиот фудбалер постигна пет голови и пет асистенции на 35 настапи за екипата.

Целото интервју на македонскиот репрезентативец може да се прочита ТУКА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ