понеделник, 13 мај 2024

Најден е жив исчезнатиот маж по кој се трагаше

Пронајдено е 76 – годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера, потврди доктор Мирослав Нерков од Итна медицинска помош при Општа болница со проширена дејност Кавадарци. Лицето го бараа полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти.

Објавено на

часот

Сподели

„За среќа, лицето е пронајдено и веднаш пристапивме кон пружање прва медицинска помош, тоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност, го однесовме во неговиот дом“, нагласи Нерков.

Вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадар, К.С.(74) од овој град пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Беа преземени мерки за пронаоѓање на лицето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ