понеделник, 13 мај 2024

Волстрит џурнал: „Не веруваме дека Путин го наредил убиството на Навални“

Американските разузнавачки агенции утврдија дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно не го наредил убиството на опозицискиот политичар Алексеј Навални во затвор на Арктикот во февруари, објави Волстрит џурнал.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Навални, кој имаше 47 години кога почина, беше најжестокиот домашен критичар на Путин.

Неговите помошници, означени како екстремисти од властите, го обвинија Путин дека го убил и рекоа дека ќе обезбедат докази за да го поддржат нивното тврдење.

Кремљ негираше каква било вмешаност на државата.

Минатиот месец Путин ја нарече смртта на Навални „жалосна“, истакнувајќи дека тој бил подготвен да го предаде затворениот политичар на Запад во размена на затвореници, под услов Навални никогаш да не се врати во Русија.

Соработниците на Навални изјавија дека такви преговори имало.

Волстрит џурнал, повикувајќи се на неименувани лица запознаени со ова прашање, денеска објави дека американските разузнавачки агенции заклучиле дека Путин веројатно не го наредил убиството на Навални во февруари.

Сепак, Вашингтон не го ослободи рускиот лидер од целосна одговорност за смртта на Навални, имајќи предвид дека Навални со години бил мета на руските власти, дека бил затворен поради политички мотивирани обвиненија и дека во 2020 година бил отруен со нервен агенс.

Кремљ негираше вмешаност на државата во труењето на Навални во 2020 година.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди наводите на Волстрит џурнал, кој цитираше извори кои велат дека проценката е „широко прифатена во разузнавачката заедница и споделена од неколку агенции, вклучително и ЦИА, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање на САД и разузнавањето на Стејт департментот“.

Американската проценка се заснова на низа информации, вклучително и одредени доверливи разузнавачки информации и анализа на јавно достапни податоци, вклучувајќи го и времето на смртта на Навални и фактот дека тоа го засени реизборот на Путин во март, според Волстрит џурнал, повикувајќи се на некои свои извори.

Еден од главните соработници на Навални, Леонид Волков, горенаведените тези ги оцени како наивни и смешни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ