сабота, 27 април 2024

Захарова: ИСИС не можел да го изврши нападот, се знае кој е

Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова изјави дека е „исклучително тешко да е поверува“ дека Исламска држава има капацитет да го изврши нападот на концертната сала во Москва минатиот петок во кој беа убиени најмалку 140 луѓе. Захарова на брифинг за новинарите кажа дека Украина стои зад нападот во Крокус сити хол, најсмртоносниот во Русија во последните 20 години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Исламска држава ја презема одговорноста за масакрот, а американските власти тврдат дека имаат разузнавачки податоци кои покажуваат дека нападот го извел авганистанскиот огранок на џихадистичката група, Исламска држава Хорасан. Но, Захарова истакна дека Западот побрзал да ѝ ја припише одговорноста на Исламска држава за да го тргне сомнежот од Украина и западните влади кои ја поддржуваат.

„За да го тргнат сомнежот на колективниот Запад, итно мораа нешто да смислат, па го употребија ИСИС. Извлекоа ас од ракавот, и буквално неколку часа по терористичкиот напад англосаксонските медиуми почнаа да ја шират токму таа верзија“, кажа Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ