вторник, 2 јули 2024

За 24 часа повредени тројца малолетници во малолетнички пресметки

Тројца малолетници се повредени во три засебни малолетнички пресметки во последните 24 часа, информираше МВР.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Утрото, два часа по полноќ во СВР-Битола Г.П.(47) пријавила дека на 29 јуни 2024 нешто пред полноќ во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Синоќа пак во 22:15 часот во СВР Скопје Д.П.(19) од Скопје пријавил дека на 26 јуни 2024 триесетина минути по полноќ во Карпош бил физички нападнат од малолетник, кој го познавал.

Истата вечер во Прилеп во полициската станица, Б.М.(49) пријавил дека околу 3 часот после полноќ неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на сите три пријавени случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ