сабота, 20 јули 2024
Новиот лидер на СДСМ во ТВ - гостување

Филипче: Има емоции кај противкандидатите, ги разбирам, но мојот избор е легитимен

Некоректно е, потценувачки е, и е навредливо за членовите на СДСМ да се изнесуваат тврдења дека некој може да им влијае на тоа како ќе гласаат, изјави Венко Филипче, кој на изборите во партијата беше избран за нов, шести по ред претседател на Социјалдемократите. За ваквите тврдења тој вели дека сепак ги разбира, зашто тоа беа избори, а во време на избори има и емоции.

Објавено на

часот

Сподели

„Впрочем сите противкандидати загубија и во своите матични општински организации. И јас ја разбирам таа ситуација. Знам дека се и емоции во прашање, беше кампања, избори, имаат луѓето различни очекувања. Јас сум човек кој има многу широк демократски капацитет, подготвен сум да трпам критики, под влијание на критики и други мислења да направам една широка платформа“, изјави Филипче во интервју за ТВ Телма.

Тој ги повтори информациите соопштени од партиската централна изборна комисија, дека имало 51 приговор, од кои биле прифатени само седум и дека е тоа минорна бројка во однос на целиот изборен процес и дека не може да фрли никаква дамка.

Бројот на гласови што ги доби Филипче, а е под 10 илјади, според него исто така не може да фрли дамка бидејќи претставува сепак голема разлика во однос на бројот на гласови што ги добија неговите противкандидати за лидерската функција.

Тој повтори дека нешто повеќе од 20.000 членови се регистрирале за изборите од вкупно 80.000 членови колку што има СДСМ.

Според Филипче, тие уште во текот на кампањата за претседателските и парламентарните избори ставиле до знаење како се чувствуваат.

Тој порача дека најсложената операција во целокупниот овој систем ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ. Според него, во партијата има една генерално лоша внатрешна комуникација помеѓу луѓето и една таборизација и поради тоа предлага многу почести средби на раководството со членството низ општинските организации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ