На повик за насилство отишле припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
„Лицата претходно биле пријавени дека околу 23.30 часот заедно со неколку други членови од нивното семејство насилно влегле во дворот од домот на С.А.(46) од Скопје и физички го нападнале него и членови на неговото семејство, при што употребиле тврди и стаклени предмети, а го оштетиле и неговото патничко возило и прозорците од куќата. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.