вторник, 23 јули 2024

Полицијата претресуваше во публиката за време на Д-фестивал, 19 лица се приведени

За време на одржување на Д-фестивал во Стар Дојран, полицијата на 29 и 30 јуни и на 1 јули лишила од слобода 19 лица кај кои, како што е наведено во соопштението на МВР, била пронајдена дрога.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници ги лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин“, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека при преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувал,е биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети. За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ