„По повод 30 години од вопоставување на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија, 30 УКИЈО-Е реплики патуваа од Велес кон Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Богданци. Во секој град ученици имаа можност да дознаат повеќе за уметноста и животот за време на Едо периодот кога се создавале дрворезите кои биле инспирирани од женската убавина, кабуки театорот, сумо борачите, флората и фауната итн. Дрворезите имале огромно влијание и врз француските импресионисти како и европските пост-импресионисти.
Последната изложба ја отворија амбасадорот Оцука, Антонио Димитров, директор на Културно информативниот центар – Скопје (КИЦ), Маја Стефкова од АОТС Македонија како и кураторот на изложбата Јасмина Намичева.
Цртежите на децата кои учествуваа во работилниците се изложени исто така и секое дете доби сертификат за учество, додека амбасадорот Оцука и АОТС Македонија добија УКИЈО-Е реплика од Тошусаи Шараку.
УКИЈО-Е принтовите се донација од Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка и патуваа благодарение на Горан Антевски, АОТС Македонија и Раде Кончар ТЕП на иницијатива на Јасмина Намичева (МузеумЛинк и Архифакт) и Амбасадата на Јапонија. Финалното изложување е овозможено од Антонио Димитров и тимот на КИЦ, поддржано и од Пивара Скопје и Тиквеш. Изложбата во Скопје ќе биде достапна до 5-ти јули“, соопшти Амбасадата на Јапонија.