„Денеска во 09.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во селото Батинци, Скопско, две лица од патничко возило ‘мерцедес’ пукале кон патничко возило ‘форд’ во кое биле А.Б.И. (34) и З.И. (31), двајцата од селото Црн Врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. добил повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар – Скопје“, соопшти МВР.
СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.