„Со два хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици е изгаснат шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река. По добиено барање од ЦУК, врз пожарот двата хеликоптери исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат“, се вели во соопштението на МВР.
Пожарот кај Пуста Река во Kрушевско го изгаснаа полициски хеликоптери (ВИДЕО)
Шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река, доби опасни димензии и се приближи близу до селото поради што на помош на крушевските пожарникари се испратени два полициски хеликоптери, јавија попладнево од Центарот за управување со кризи – ЦУК. Од МВР подоцна, вечерва, соопштија дека пожарот е изгаснат.
Објавено на
часот