вторник, 18 ноември 2025
„Ѓаволите“ го добија големото дерби

Манчестер јунајтед за прв пат слави на Енфилд по 2016, Ливерпул нареди четири порази (ВИДЕО)

„Ѓаволите“ го добија големото дерби против Ливерпул, Хари Мегваер со гол во 84. минута донесе триумф од 1-2.

Објавено на

часот

Сподели

За прв пат по 2016 година, Манчестер јунајтед се радува на победа на Енфилд, вечерва избраниците на Аморим стиганаа до славје од 1-2.

„Ѓаволите“ поведоа рано, Мбеумо реализираше за 0-1 веќе во втората минута.

Ливерпул потоа наметна игра, но се мачеше пред противничкиот гол, и успеа да изедначи дури во 78. Минута, Гакпо погоди за 1-1.

И кога се очекување домаќините да го искористат моментумот и да го свртат резултатот во своја корист, Хари Мегваер со глава го матираше Мамардашвили за 1-2 во 84. минута.

За „црвените“ ова беше четвртиот пораз во низа, последен пак ваква лоша серија имале во 2014 година.
ФОТО: X/Manchester United

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ