сабота, 29 јуни 2024

Силен дожд повторно го погоди Тетово, за штетите од неделното невреме на увид беа Касами и Трипуновски

Во Тетово и околината околу еден час доцна попладнево врнеше пороен дожд, грмотевици и силен ветер. Засега нема детални информации за штети, во ЦУК досега е добиена пријава од вработен во ресторан Шари во Лисец кој навел оштетување на повеќе возила на паркингот пред ресторанот. А, пред дождот, градоначалникот Биљал Касами и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски ги посетија жителите кои претрпеа штети од невремето што градот и околината ги погоди во неделата.

Објавено на

часот

Сподели

„Посветени сме на изнаоѓање брзи и ефективни решенија за помош на земјоделците. Заедно со министерот истакнавме дека Владата и општината ќе бидат обединети и решени да му дадат целосна поддршка на секој земјоделец погоден од оваа катастрофа. Нема да ги оставиме сами во оваа ситуација. Заедно ќе се соочиме со секој предизвик“, рекоа денеска градоначалникот и министерот за време на средбите со земјоделците.
Инаку, според радарските слики и движењето на нестабилната воздушна маса, се очекуваше токму Тетово и Тетовскиот регион попладнево да бидат зафатени со невреме од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.
Нестабилно е во Охридскиот регион, во велешко и северозападниот дел од Скопската Котлина, информираат од УХМР, а пренесува и Центарот за управување со кризи.
Во неделата, поради слично невреме во приближно истиот период како денеска, имаше поплавени дворови, куќи, патишта и земјоделски површини.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ