недела, 21 јули 2024

Тен Хаг бара чистка, Манчестер јунајтед на продажба ставил дури 9 фудбалери

Според пишувањата на МЕН, „ѓаволите“ сака да се ослободат од дури 9 фудбалери во летниот преоден рок.

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед реши да му укаже доверба на Ерик тен Хаг на клупата и наскоро ќе му го продолжи договорот.

Холанѓанецот сака летово да биде направена чистка и да се ослободи од дури 9 фудбалери.

Како што пренесува МЕН, на продажба одат Мејсон Гринвуд, Џејдон Санчо, Арон ван Бисака, Виктор Линделоф, Касемиро, Ханибал Меџбри, Дони ван де Бек, Факундо Пелистри и Кристијан Ериксен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ