петок, 19 јули 2024

Си Џинпинг: Сите земји од светот да се придржуваат до златното правило – нема надворешно мешање

Државите од светот би требало да се придржуваат до златното правило за немешање во внатрешната политика на други земји и не смеат да дозволат една да приморува друга да избере страна, кажа претседателот на Кина Си Џинпинг, зборувајќи по повод одбележувањето на 70-годишнината од формулирањето на водечките принципи на кинеската надворешна политика.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме заеднички да се спротивставуваме на секој кој ја наметнува својата волја на другите, да се спротивставиме на блоковска конфронтација и обединување во мали кругови“, истакна кинескиот лидер.

Земјите мора да ја делат одговорноста за одржување на мирот, невозможно е да се тежнее само кон сопствената безбедност, порача кинескиот лидер.

Меѓународните работи би требало да се решаваат во договор со сите земји, а не само со оние „кои имаат посилна рака“, наведе кинескиот претседател и објасни дека, без правичност и правда, законот на џунглата ќе стане главен.

Целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации не се застарени, туку станаа уште поважни и авторитетот и централната позиција на ОН треба само да јакне, наведе Си.

Според него, односите меѓу државите би требало да тежнеат кон „еднаквост, заемно почитување и доверба“.

Кинескиот лидер укажа на потребата меѓусебно да се почитуваат суштинските интереси и развојните патишта кои државите ги бираат самостојно.

Си повика на изградба на мостови на соработка во светската економија и порача дека Кина никогаш нема да го напушти патот на мирниот развој.

Петте принципи на мирен соживот се договор на Индија и Кина за Тибет потпишан во 1954 година. Принципите вклучувале меѓусебно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, ненапаѓање, немешање во внатрешните работи на другата страна, еднаквост и заемна корист, и мирен соживот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ