Татјана Гогоска на претходно остварена средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, информирала дека нејзината мајка создала богата литература чии примероци сакала да ги донира на училиштата, здруженијата и други организирани форми кои дејствуваат во насока на чување и негување на македонскиот јазик во иселеништво.
„Директорот Близнаковски за овој хуман подвиг на г-ѓа Татјана Гогоска и врачи благодарница, а за нејзината мајка, м-р Ленка Гогоска, постхумно додели плакета за донација на македонска литература наменета за иселеништво“, соопшти Агенцијата за иселеништво.
Агенцијата ги информирала иселеничките организации и училиштата по македонски јазик за донацијата и, како што соопшти, тие покажале голем интерес овој вид стручна литература да го збогати нивниот библиотечен фонд, како и да им биде од полза на наставниците кои ја водат наставата по македонски јазик во странство.