четврток, 18 јули 2024
Морале да го бараат на „гугл“

Хамшик раскажа интересна приказна со македонски навивачи, не му верувале дека го знае Пандев (ВИДЕО)

Марек Хамшик е легенда на Наполи и Словачка, но поранешниот фудбалер повеќе ја нема ексцентричната фризурата, па не секогаш фудбалските љубители го препознаваат.

Објавено на

часот

Сподели

Марек Хамшик помина 12 години во Наполи и стана играчот со најголем број на натпревари за „наполитанците“ (520 настапи).

Едно време играше заедно со нашиот Горан Пандев, и сега на медиумите им откри интересна приказна со македонски навивачи.

Тој повеќе ја нема ексцентричната фризура, па не секогаш фудбалските љубители го препознаваат.

„Има моменти кога луѓето не ме препознаваат. Пред неколку дена се шетав и налетав на група Македонци кои сакаа да се фотографираат, сакаа јас да ги фотографирам нив. Ги фотографирав и им реков дека го познавам нивниот поранешен капитен Горан Пандев, но не ми веруваа, велеа дека тоа не е можно. Им објаснив дека му бев капитен во Наполи… па тие почнаа да пребаруваат на „гугл“ и на крајот конечно ме препознаа и направивме една заедничка фотографија“ – вели Марек Хамшик, кој е веќе во фудбалска пензија и е дел од стручниот штаб на словачката репрезентација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ