Работници со булдожери пристигнале во придружба на војници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Ум ал Кеир, село во кое главно живеат овчари. Урнале шест куќи, шатори, генератор за електрична енергија, соларни панели и резервоари за вода, истакнуваат израелски активисти и локални жители.
This morning Civil Administration personnel came with military and Border Police escort and three diggers to the community of Khirbet Umm al-Kheir in the South Hebron Hills. They demolished the homes of two families, leaving 24 Palestinians, 15 of them minors, homeless. pic.twitter.com/cdMpLN4asj
— B’Tselem בצלם بتسيلم (@btselem) June 26, 2024
Уништени се и земјоделски површини и огради. Уништена е третина од инфраструктурата на селото. „Со години се боревме на израелски судови против ова бидејќи селото е под закана од уривање“, кажал локален жител за Франс прес.
„Овој пат дојдоа без да се најават кај нашиот адвокат. Немаме време да си ги собереме работите. Поставивме неколку шатори за децата да се во сенка. Но се плашиме дека војниците ќе се вратат и ќе ги земат и нив бидејќи велат дека се поставена нелегално“, додал тој.
Масафер Јата, збир од палестински села вклучувајќи го Ум ал Кеир, се наоѓа во областа Ц, ретко населен дел на Западен брег. Палестинската инфраструктура во таа област често се урива врз основа на тоа што жителите немаат градежни дозволи, кои е речиси невозможно да се добијат, додека нелегалните израелски населби се шират.
Експерти на ОН порачуваат дека ваквите уривања може да се сметаат за воени злосторства.