Според идејното решение на Општина Центар, покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории и подземен паркинг со околу 300 паркинг места, треба да се предвиди и внатрешен и надворешен простор за паркирање на 100 велосипеди.
Со ова општината ќе се ги реши актуелните проблеми со стационираниот сообраќај во непосредното опкружување, настанати со половична реализација на претходните плански решенија.
На градежната парцела идејните решенија треба да предвидат мал плоштад, парк со фокус на влезниот портал од Учителската школа, како и безбедно сообраќајно решение за пристап и движење на возила, велосипеди и пешаци.
Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за новата општинска зграда, и тоа за прво место 750.000 денари, за второ 400 илјади и за трето место 300 илјади денари.
Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица стручни во областа на архитектурата и урбанизмот, а крајниот рок за предавање на трудовите е 27 септември.