вторник, 22 октомври 2024

Документарецот „20 дена во Мариупол“ вечер во Музејот на современа уметност

Филмот „20 дена во Мариупол”, добитник на „Оскар“ за документарен филм во 2024 година, ќе биде прикажан вечерва со почеток во 21 часот во Музејот на современа уметност во Скопје. Настанот е во организација на фондациите Отворено општество – Западен Балкан.

Објавено на

часот

Сподели

„Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарен филм е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината. Филмот е на Мстислав Чернов, носител на Пулицерова награда од 2023 година и претседател на Украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на Асошиејтедпрес и Фронтлајн“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ