сабота, 6 јули 2024

Се тепаа татко и син, сега и двајцата се во болница

Татко и син се повредени при меѓусебна физичка пресметка претпладнево во кумановската населба Иго Тричковиќ по што и двајцата се пренесени во болница, соопшти СВР Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска 10.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во населбата Иго Тричковиќ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу татко и син, во која бил употребен и остар предмет. Двајцата со повреди биле пренесени во општа болница Куманово.

Полициските службеници се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од кумановската полиција.

Од кумановската болница информираат дека едниот од повредените поради сериозноста на повредите е транспортиран на една од скопските клиники.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ