По речиси 4 часа битка, Карлос Алкарас обезбеди пласман во осминафинале на Вимблдон.
Американецот Френсис Тиафо беше блиску до сензација, и при водство од 1-2, влезе во тај-бреј во четвртиот сет.
Но актуелниот шампион на Вимблдон заигра најдобро кога беше најпотребно, убедливо го доби тајбрејкот, а потоа покажа и моќ во петтиот сет, кој лесно го доби со 6-2 за конечен триумф.