сабота, 13 јули 2024

Во Италија еруптираа два вулкани, затворен е аеродромот во Катанија (ВИДЕО)

Ерупциите на италијанските вулкани Етна и помалиот Стромболи, придружени со исфрлање врела пепел и лава, денеска го подигнаа нивото на тревога на Сицилија и ги принудија властите да го затворат аеродромот во Катанија.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Етна, еден од најактивните вулкани во светот, е исклучително активен во последните денови, неговите ерупции го осветлуваат небото во близина на градот Катанија, додека Стромболи, конус на истоимениот остров, кој се наоѓа меѓу Еолските острови во Тиренското Море, исфрла лава во морето.

Италијанската цивилна заштита издаде црвен аларм за Стромболи, предупредувајќи на можно влошување на ситуацијата.

Министерот за цивилна заштита, Нело Мусумеци, изјави дека плановите за евакуација на населението од Стромболи се „во подготвеност“. Противпожарната служба на островот двојно го зголеми бројот на дежурни пожарникари.

Околу градот Катанија, на источниот брег на Сицилија, жителите и властите почнаа да ги чистат улиците од вулканска пепел. Поради вулканската пепел, аеродромската писта беше оневозможена и откажани се сите полетувања и пристигнувања на авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ