Од санкционираните 223 возачи, 20 од нив возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осуммина со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.