среда, 24 јули 2024

Театарската претстава „Кенди“ во изведба на „Златен елец“ на Скопско лето

Театарската претстава „Кенди“ според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), во продукција на Театар „Златен елец“ ќе биде изведена вечер во 20 часот на малата сцена на Драмски театар – Скопје во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Објавено на

часот

Сподели

Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а во претставата играат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски. Музиката е на Лука Тошев, вокал и укулеле – Лео Поповиќ, видео – Тамара Малкоска. Бојана Цилевска е автор на дизајн на постер и рекламен материјал. Фотографијата е на Стефан Самандов од МОТ 2023.

„Кенди“ е дуодрама во која се зборува за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ