вторник, 23 јули 2024

Франција преку пенали до полуфинале, Феликс е трагичар на Португалија

Франција на пенали ја совлада Португалија и се пласира меѓу четирите најдобри на Европското првенство каде ќе игра против Шпанија, Жоао Феликс беше единствениот кој промаши во пенал серијата.

Објавено на

часот

Сподели

Франција и Португалија одиграа меч кој не беше многу возбудлив, двете екипи имаа свои шанси, но мрежите мируваа во текот на 120 минути.

Португалија го имаше поседот, Франција претежно се бранеше и се обидуваше со контра напади да го загрози голот на Кошта.

Требаше еден час за да се случи првата голема шанса, Бруно Фернандеш имаше ситуација еден на еден со Мењан, но голманот одбрани. Брзо потоа и Жоао Кансело имаше можност но промаши. Следуваше можност и на Витиња, но и тој не реализираше.

Французите првата можност ја имаа во 66. минута кога Коло Муани шутираше, но беше блокиран.

Брзо потоа Камавинга се обиде, топката мина крај стативата. Имаше шанса и Дембеле, но не погоди ниту тој. Тоа беа сите возбудувања во 90 минути, натпреварот отиде во продолженија.

Во продолженијата имаше само една шанса, Жоао Феликс се најде во добра позиција, биеше со глава, но ја погоди само надворешната мрежа.

Пеналите го решаваа победникот. А во нив Франција беше подобра. Французите ги реализираа сите удари од белата точка, Кошта беше немоќен за разлика од дуелот со Словенија. Реализираа Дембеле, Фофана, Кунде, Баркола и Ернандез.

Трагичар за Португалија беше Жоао Феликс кој го промаши ударот од белата точка, ја погоди стативата. Прецизни беа Роналдо, Силва и Мендеш.

Франција во полуфиналето ќе игра против селекцијата на Шпанија која со 2-1 ја совлада Германија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ