„Од 22 часот на регионалниот пат Струмица – Радовиш на делницата од
Струмица до крстосницата со село Василево, сообраќајот е во прекин во двата правци, поради настанат пожар на сува трева покрај патот. Сообраќајот се одвива по стариот пат“, велат од ЦУК.
Пожарот на ниската вегетација го гаснат тројца струмички пожарникари со едно противпожарно возило, велат од ЦУК.