сабота, 16 ноември 2024

Пукањето во Ист гејт мол е пресметка на криминални банди создавана околу 30 години, вели Спасовски

„Се разговара со многу лица, се обезбедуваат докази, се работи интезивно во откривањето на напаѓачот во Ист гејт мол, но сеуште е рано да се споделуваат информации. Тоа е пресметка на криминални банди кои биле создавани 30-тина години за кои се зборува многу, а никој не преземал одговорност да расчисти со нив“, информираше во интервју за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пукањето во трговскиот центар во кој се застрелани две лица.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа се криминални структури коишто биле создавани 30-тина можеби и повеќе години, за коишто сите гласно зборуваат  меѓутоа никој не преземал одговорност за да расчистува со нив и ова раководство тоа го направи и е решено да се расчисти до крај. Да треба многу средства, многу напори, многу енергија, тоа да се случи, меѓутоа мора да се завршат работите коишто ќе допринесат таквите криминални структури да бидат зад решетки, да бидат изведени пред лицет на правдата. Недозволиво во изминатите триесет години да имате структури коишто ги поддржуваат одредени бизнисмени, групи итн. притоа барајќи оправдание зошто практично ги поддржуваат дури и финансиски“, истакна Спасовски.

Главната улога во истрагата, според Спасовски ја има Одделот за форензички испитувања. 

„Знаете дека објавивме фотографија од извршителот, таа фотографија ја имаме и од видео надзорот, од сите прибрани документи коишто се, и тоа е нормална постапка во криминалистичките истраги. Затоа што слушам деновиве за разно разни состојби дека некој очекува граѓаните да го утврдат лицето. Тоа се нормални криминалистички постапки коишто се превземаат се со цел да се стигне до извршителот, и најважно е да се откријат мотивите иако знаеме  дека тоа се пресметки на криминалните групи. Секако дека утврдивме многу работи, се разговара со многу лица, се прибираат многу податоци, информации, докази. Меѓутоа тоа се уште е рано да може да се споделува заради тоа што ќе наштети на истрагата“, истакна Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ