среда, 4 декември 2024
Денес во Собранието

Децата креираа пораки за толеранција, преку кои порачаа пообединето и мирно општество

Преку работилница за деца од повеќе училишта и од различна етничка, културна и верска припадност денеска во Собранието се одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата – 16 Ноември. Децата креираа пораки за толеранција, преку кои порачаа пообединето, мирно и заедничко општество.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира собраниската прес-служба, на работилницата присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка на законодавниот дом Марина Димовска.

Гаши истакнал дека овој настан е можност преку децата да се испрати порака до сите граѓани дека толеранцијата е една од врвните човекови особини, која сите треба да ја поседуваме.

„Како држава да бидеме среќни што имаме различни групи и различноста да ја гледаме како убавина затоа што разликите ги прават работите убави. Да ги почитуваме сите, без никаква разлика, јазична, религиска, социјална. Пред сѐ да сме луѓе“, порачал Гаши, додавајќи дека човечноста е најголемата вредност, а љубовта е највисокиот степен на човечноста. Тој апелираше со толеранција и љубов, заеднички да ја издигнеме државата на повисоко ниво.

Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува на 16 ноември секоја година, со цел да се зајакне и подигне јавната свест за толеранцијата, почитта и разбирањето меѓу луѓето од различните потекла и култури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ