среда, 4 декември 2024

Марин ле Пен: Мојата пресуда е политичка смртна казна

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир Марин ле Пен ја нарече пресудата на обвинителството со која би можело да ѝ се одземе правото да се кандидира на претседателските избори во 2027 година „политичка смртна казна“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Барањето на обвинителите е екстремно претерано, бидејќи бара казна која е неспоредлива со други слични обвиненија и се бара моја политичка смрт со итно извршување“, оцени Ле Пен за телевизијата ТФ1.

Таа истакна дека чувството на бунт го делат и милиони Французи со неа, како и дека на граѓаните на Франција би им било оневозможено да гласаат за кандидатот што сакаат.

Обвинителите во случајот на фиктивното ангажирање помошник на партијата Национален собир во Европскиот парламент бараат казна во вид на забрана за сите обвинети да се кандидираат за државна функција, а пресудата да стапи на сила веднаш.

За Ле Пен оваа мерка се бара веќе пет години.

Ако судот одобри моментално стапување во сила на пресудата, Ле Пен нема да може да учествува во претседателската трка во 2027 година.

Освен тоа, обвинителството побара и затворска казна за Ле Пен од пет години, од кои три се условни а за две нема жалба, но може да биде заменета со поблага превентивна мерка, на пример издржување на казната со електронска алка дома.

Обвинителството бара и Ле Пен да плати казна од 300.000 евра, а самата партија како правно лице дури 2 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ