вторник, 3 декември 2024

Германската опозиција го обвини Шолц дека поттикнува руска пропаганда

Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на критики на германската конзервативна опозиција која денес го обвини дека придонел на руската „пропаганда“ поради телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Путин ќе сфати дека Шолц му се јави повеќе како знак на слабост отколку на сила“, кажа портпаролот на конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Јирген Харт.

Тој го критикуваше канцеларот дека придонел на „пропагандниот успех“ на Кремљ.

Шолц вчера еден час разговарал на телефон со Путин што беше нивниот прв разговор по речиси две години.

По распадот на германската владина коалиција минатата недела, распишани се предвремени парламентарни избори за февруари.

Според последните анкети, Социјалдемократската партија на Шолц би освоила 15 отсто, далеку зад конзервативците ЦДУ/ЦСУ кои би освоиле 32 отсто.

Шолц „пред сè сакаше во Германија да се мисли дека тој е оној кој се залага за преговори и дијалог“, кажа портпаролот на ЦДУ.

Портпаролот на ЦДУ оцени дека телефонскиот повик го немал саканиот ефект на Путин, кој, според него, разбира само „пораки на сила“, како заканата дека масовно ќе се зголеми воената помош на Украина.

Телефонскиот разговор Шолц-Путин предизвика незадоволство на Киев, а украинската власт го протолкува како „обид за смирувачки став“ кон Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Шолц „ја отвори Пандорината кутија“.

Германија е втор најголем снабдувач со оружје на Киев по Вашингтон, но се воздржа од испраќање оружје со долг дострел во Украина за да избегне ескалација на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ