среда, 4 декември 2024

Романците: И ние бевме навредувани во Косово, но не ни помисливме да се повлечеме

Капитенот на романската репрезентација, Разван Марин смета дека косовските фудбалери го навредиле фудбалот со потегот да го напуштат теренот поради скандирања од трибините.

Објавено на

часот

Сподели

Во самиот финиш од мечот косовските фудбалери решија да се повлечат од теренот затоа што Романците од трибините извикуваа: „Србија, Србија“.

Ваквото однесување на косовските фудбалери е неприфатливо за Романците кои потсетуваат дека за време на мечот во Косово тие постојано биле навредувани од трибините, па не го прекинале мечот.

„Првпат ми се случува нешто вакво, не сакам ни да размислувам за тоа што го направија, ова е непочитување на фудбалот“, вели Марин.

„Ние бевме исвиркувани, навредувани, нарекувани „цигани“, провоцирани на гостувањето кај нив, но не го напуштивме теренот. Зарем треба да слушаме кој што ќе каже на трибините?“.

„Нашите навивачи можеби накратко извикуваа слоган кој не им се допадна, но тие провоцираа гледајќи дека не можат да победат. Посакуваа провокација за да направат сцена“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ