петок, 13 декември 2024

Николоски: Претходното раководство на Пошта имало планови да го трансформира централниот објект во кабаре

претходното раководство на Македонската пошта имало планови да ја претвори централната зграда во кабаре, додека актуелните намери се објектот да се трансформира во мултимедијален и културен центар. Сега, по утврдените слабости, започна реорганизацијата и очекуваме првите резултати на почетокот на следната година. Очекувам Јавното обвинителство да започне истрага и да ги повика на одговорност сите кои несовесно и незаконски ја воделе компанијата, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Работиме на реорганизација и реформи во работењето на Македонска пошта. Резултатите на новото раководство ќе бидат забележани после Нова година. Јас кога станав министер, 4.400 вработени не земаа плата од Македонскa пошта, од Железници транспорт и Железници инфраструктура. Почнаа редовно да земаат плата откако станав министер, некои тоа го протолкуваа дека не е голема работа и се слагам дека не е, но и тоа како е голема ако со месеци вработените не земаа плата. Да направите каква било реформа и организација прво треба да им се плати на луѓето тоа што го сработиле. Бидејќи тој проблем е решен сега одиме на реорганизација на овие три претпријатија и тоа го правиме интензивно. За периодот од август до декември ќе се видите една огромна промена“, истакна министерот Николоски.

„Драго ми е што Државниот завод за ревизија ги констатираше неправилностите, сега на потег е обвинителството затоа што извештаите на ДЗР одат во обвинителство. Исто така го повикувам обвинителството да влезе и да утврди одговорност за сите кои не работеле одговорно и правеле криминал во Пошта. Но исто би сакал да ги повикам и ДЗР и ЈО да ја испитаат и работата на Агенцијата за пошти кое треба да биде регулаторно тело, а тоа е сѐ освен регулатор и да видат како се издаваат лиценци за работење на приватни пошти кои работат буквално од подрум. Дај Боже намерата на претходната власт да била приватизација на Пошта, иако јас не се согласувам со тоа. Но ниватата цел не била приватизација, туку пропаѓање на Пошти и отворање на неколку привати пошти“, изјави Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ