среда, 11 декември 2024

Милевски: Против Фарски Острови ќе биде потешко отколку против Летонија

Во недела од 15 часот на Националната арена „Тодор Проески“, Македонија го игра последниот натпревар од оваа сезона во Лигата на нации, противник ни е селекцијата на Фарски Острови.

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Благоја Милевски очекува потежок меч од оној против Летонија кој го добивме со 1-0, тој верува дека неговите фудбалери ќе го дадат последниот атом од силите за да ги освојат трите бода и со победа да го завршиме циклусот.

„Фарски Острови покажаа дека во денешниот фудбал нема аутсајдери и се квалитетен тим. Во овие Лига на нации играат добро, се работи за дисциплинирана екипа, одговорна и доста силна, тркачки одлично подготвена. Не очекува уште потежок меч од тој со Летонија во четвртокот. Фокусот ни е на нас самите, како ќе изгледаме на теренот и да го завршиме ова издание на најдобар можен начин. Прашањето за првото место е решено, ама ние си имаме свои мотиви, индивидуални и како тим. Си поставивме уште една цел, со што е можно повеќе бодови да бидеме поконкурентни во завршната ранг-листа“, вели селекторот Милевски.

„По последниот меч присутен е замор, со оглед на тоа дека истрчаа доста и одигравме напорна средба. Дополнителен проблем е теренот кој не е во сјајна состојба. Дојдовме до последното скалило и мислам дека момците ќе го дадат последниот атом на силите за да покажат карактер, па со победа да ја затвориме годината. Околу составот, се надевам дека сите ќе останат здрави, па освен Елмас нема да ни недостига никој. Ќе има одредени промени во играта и тимот. Сепак, мора да бидеме потрпеливи од четвртокот, бидејќи се работи за слично поставен противник кој е поагресивен и поорганизиран, кој е поподготвен од Летонија. Сметам дека не очекува уште потежок натпревар. Како ќе одговориме на притисокот, ќе видиме утре. Максимално сме мотивирани, без разлика на сите математики сите сме мотивирани кога сме дојдени тука за Македонија“.

Со селекторот на прес-конференцијата беше и Александар Трајковски кој потенцира дека е присутен замор, но вети дека ќе го дадат максимумот за да дојдат до победата.

„Како што напомена селекторот, постои одреден замор бидејќи играме на три дена. Сепак, мислам дека ова нема да ни биде првпат вака да настапиме во вакво темпо. Секогаш сакаме да го дадеме своето најдобро, сакаме да ја завршиме оваа Лига на нации во одличен ритам. Заморот е во втор план, треба да сме фокусирани на последната средба во недела и да го дадеме максимумот за трите бода“, изјави Трајковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ