среда, 11 декември 2024

Вечерва во Кинотека премиера на документарецот „Љубовната Соба” на Сузана Диневски

Премиерно прикажување на документарниот игран филм „Љубовната Соба” во режија на Сузана Диневски, ќе се одржи денеска, со почеток во 20 часот, во Кинотеката на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Досега долгометражниот документарец е селектиран за учество во официјална категорија на над 20 меѓународни филмски фестивали со бројни номинации и освоени две награди за најдобар документарен филм.

Филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во затворот Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.

„Љубовната соба“ е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија. Режисерката Сузана Диневски е и продуцент на филмот (Сузи Кју продукција), а извршен продуцент е Владимир Стојчевски. Филмот е во ко-продукција со Авард филм и видео, директор на фотографија е Фејми Даут, монтажата е на Горан Вуќиќ. Автор на музиката е Дуке Бојаџиев, менаџер на продукција е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски и дизајнер на звук е Игор Поповски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ