среда, 11 декември 2024

Лидерите на Г7 најавија „сериозен“ економски удар на Русија

Лидерите на Групата седум најразвиени западни држави (Г7) го повторија денес ветувањето дека ќе продолжат со сериозните економски мерки против Русија поради конфликтот во Украина, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мерките, како што е наведено во заедничкото соопштение, меѓу другото, ќе подразбираат дополнителни санкции и контрола на извозот. Лидерите на Г7 ветија и дека ќе го поддржуваат Киев „колку и да биде потребно“.

„Русија останува единствената пречка за праведен и траен мир“, се оценува во заедничкото соопштение од 16 ноември, усвоено „во знак на поддршка на Киев како што се приближува илјадитиот ден на руската агресорска војна против Украина“.

Италија оваа година претседава со Г7, во која се вклучени и Соединетите Американски Држави, Канада, Јапонија, Франција, Германија и Британија.

„Г7 ја потврдува својата посветеност за наметнување сериозни трошоци на Русија преку санкции, контрола на извозот и други ефективни мерки. Единствени сме со Украина“, се додава.

Г7 ѝ даде кредит на Украина од 50 милијарди американски долари, а средствата се обезбедени од каматите на замрзнатиот руски имот во рамки на санкциите на Западот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ