среда, 11 декември 2024

Oрце Ѓорѓиевски го реши проблемот со жителите од улицата „Народни херои“ во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ги повика жителите од улицата „Народни херои“, кои денеска излегоа на мирен протест поради интензивното извршување на градежни активности на ЕСМ Топлификација за приклучување на домаќинствата на топлинска мрежа, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението, за изнаоѓање на заедничко решенеие Ѓорѓиевски го повикал на средба со граѓаните и директорот на ЕСМ топлификација Петар Милетиќ, по што заедно излегле на терен и извршиле увид во работните активности.

„Нема проблем за кој што нема решение. Спорот кој граѓаните од улицата ‘Народни херои’ го имаа со ЕСМ Топлификација, сега е надминат. Денес во мојот кабинет ги повикав граѓаните кои денес го изразија своето незадоволство преку мирен протест за проблемот околу ископувањето на ЕСМ за приклучоци на домаќинствата на топлинска мрежа. Го повикав на разговор и директорот Петар Милетиќ за и тој да го слушне она што имаат жителите на таа улица да го кажат. Излеговме на терен, на лице место да извршиме увид во работните активности и да најдеме заедничко решение кое ќе биде прифатливо за сите#, стои во соопштението.

Директорот на ЕСМ топлификација, Милетиќ, додаваат, ќе ја забрза динамиката на работа сѐ со цел побрзо да се направи приклучокот на домаќинствата на топлинска мрежа, притоа, пристапот на жителите до своите домови нема да им биде оневозможен.

Жителите од улицата „Народни херои“ во општина Кисела Вода, денеска на пладне излегоа на протест поради, како што велат, нерешените инфраструктурни проблеми и законските прекршувања на околните градилишта кои ја загрозуваат безбедноста и го отежнуваат пристапот до нивните домови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ