петок, 6 декември 2024

Билд: Шолц разговорот со Путин го договорил со Бајден, Стармер и Макрон

Германскиот канцелар Олаф Шолц им кажал на американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон дека планира да разговара на телефон со рускиот претседател Владимир Путин пред еден месец за време на состанок во Берлин, пишува весникот Билд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Разговорот на Путин и Шолц е договорен со партнерите кога претседателот на САД Џо Бајден, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон беа во Берлин на 18 октомври. Володимир Зеленски исто така бил информиран“, наведува Билд.

Весникот истакнува дека целта на телефонскиот разговор била да се дознае дали Путин е спремен за преговори за Украина во контекст на претседателските избори во Соединетите Американски Држави и претстојниот самит на Г20 во Рио де Жанеиро.

Билд пренесува дека Шолц за време на разговорот зборувал германски, а дека на рускиот претседател не му бил потребен преведувач. Путин зборувал руски, па германскиот канцелар морал да користи услуги на преведувач.

Кремљ и Берлин вчера известија за телефонскиот разговор меѓу Шол и Путин, кој се случил на иницијатива на германската страна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ