четврток, 27 јуни 2024

Пожар избувна во главниот град на Казахстан, гори зграда од 26 ката (ВИДЕО)

Во главниот град на Казахстан, Астана, денеска избувна пожар во станбено-деловен објект лоциран до трговскиот центар Кан Шатир, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Казахстан.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението, се запалил надворешниот дел од фасадата на 26-тиот кат, видеата од социјалните мрежи покажуваат многу пошироко ширење на оган и чад.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека на терен се 16 возила и 72 пожарникари, пренесува Интерфакс.

Спасувачите евакуирале 8 лица од зградата, меѓу кои и едно дете. Засега нема извештаи за жртви.

Турската агенција Анадолу пренесе дека пожарот е локализиран. Оттаму додаваат дека пожарот зафатил 180 метри квадратни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ