вторник, 22 октомври 2024

НАСА: Руски сателит се распадна во вселената, американски астронаути мораа да се засолнат

Руски сателит се распадна на повеќе од 100 парчиња во орбитата на Земјата во текот на ноќта, принудувајќи ги астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ММС) да се евакуираат, соопшти денеска НАСА.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Не е објавено што го предизвикало инцидентот. Станува збор за сателитот за набљудување на Земјата Ресурс-П1, кој не се користи од 2022 година.

Инцидентот се случил во орбитата во близина на Меѓународната вселенска станица. Американските астронаути мораа да се засолнат во вселенското леталото речиси еден час, објави НАСА.

Американските радари забележаа распаѓање на сателитот во облак од отпад во четвртокот вечерта, објави компанијата Лео лабс.

Американската вселенска команда објави дека се создадени „повеќе од 100 парчиња отпад“, истакнувајќи дека тие не претставуваат закана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ