вторник, 22 октомври 2024

Одрони на патиштата во дебарско, се препорачува внимателно возење

Силниот дожд што го зафати дебарскиот регион е добредојден за земјоделските посеви, но предизвикува одрони на патиштата во ова подрачје, поради што се препорачува внимателно возење.

Објавено на

часот

Сподели

„По обилниот дожд видна е појавата, засега, на помали но чести одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози се препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација“, порачуваат од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта.

Екипи на секцијата се постојано на терен, со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.

Под надлежност на оваа секција се патишта во должина од над 110 километри односно делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин Блато, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа.

Вообичаено на патниот правец Дебар – Маврово најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста Сенечки ливади, на патот кон Струга кај месноста Три чешми (Манастирец) како и месноста Кокошкина краста на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ